Државата не мора да биде лош газда

Bez autora
Oct 03 2013

Некои компании докажаа дека државата не мора да биде лош газда, а други продолжија да трупаат загуби. Има милионери меѓу македонските компании под државна капа, но и такви што со години се во минус. Ги побаравме податоците од Централниот регистер за да ѕирнеме кои компании чиј сопственик е државата се на врвот, а кои на дното и со години само трупаат загуби, кои ќе мора да им ги покрие државата. Интересно е дека на списокот има неколку државни фирми што лани вртеле стотици милиони евра приходи, но не оствариле впечатлива добивка. Најдобри се енергетските компании, а пак најлоши тие од железничкиот сектор. Четири компании во државна сопственост се издвојуваат на списокот со најуспешни во минатата година.

Државата не мора да биде лош газдаНекои компании докажаа дека државата не мора да биде лош газда, а други продолжија да трупаат загуби.

Има милионери меѓу македонските компании под државна капа, но и такви што со години се во минус. Ги побаравме податоците од Централниот регистер за да ѕирнеме кои компании чиј сопственик е државата се на врвот, а кои на дното и со години само трупаат загуби, кои ќе мора да им ги покрие државата.

Интересно е дека на списокот има неколку државни фирми што лани вртеле стотици милиони евра приходи, но не оствариле впечатлива добивка. Најдобри се енергетските компании, а пак најлоши тие од железничкиот сектор.

Четири компании во државна сопственост се издвојуваат на списокот со најуспешни во минатата година. На прво место е МЕПСО, акционерското друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем, кое ланската година ја завршило со добивка од фантастични 7,8 милиони евра. Зад него, со добивка од 2,8 милиона евра е трговското друштво „Нафтовод“, кое е сосопственик во компанијата „Вардакс“, кое управува со нафтоводот Скопје-Солун. Веднаш потоа се Македонска радио-телевизија со прикажана добивка од 2,3 милиона евра и Македонска радиодифузија со 2 милиона евра.

На листата со тие што лани оствариле најголем приход убедливо водат државните „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) со остварени фантастични 265 милиони евра. Втор е МЕПСО со околу 57 милиони евра, следува Јавното претпријатие „Македонски шуми“ со 30 милиони евра. Следуваат „Македонски пошти“ со приход од 24,4 милиони евра и „Македонски железници - Транспорт“ со 24 милиони евра.

Интересно е дека освен ЕЛЕМ и МЕПСО, другите државни компании што лани оствариле најголем приход се на листата со загубари.

На црната листа со топ-пет загубари води Јавното претпријатие „Македонски железници- Инфраструктура“ со минус од 9,4 милиони евра. Потоа второто железничко претпријатие „МЖ Транспорт“ со загуба од 7,4 милиони евра. Третото место му припаѓа на Јавното претпријатие „Стрежево“ од Битола, кое лани оствари загуба од речиси 4,3 милиони евра. Следува Тутунскиот комбинат од Прилеп, чија негатива достигна 3,5 милиони евра, па „Џумајлија“ со загуба од речиси 1,8 милион евра.

ранг листа
Најдобри
МЕПСО 7.861.199
Нафтовод 2.871.400
МРТ 2.347.970
МРДФ 2.048.477
Најлоши
МЖ Инфраструктура - 9.410.249
МЖ Транспорт - 7.441.352
Стрежево - 4.272.564
Тут. комб. Прилеп - 3.471.541
Џумајлија - 1.794.976
Приходи
ЕЛЕМ 265.199.585
МЕПСО 56.920.199
Мак. шуми 30.179.958
Мак. пошти 24.380.023
МЖ Транспорт 24.188.918

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik